Општина Штип го објави јавниот повик за учество на Штипско културно лето

Општина Штип, во рамки на подготовките за 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето”, објавува јавен повик до сите заинтересирани субјекти за пријавување проекти и програми од областа на културата кои соодветствуваат на традицијата и реномето на оваа најстара културна манифестација во општината.

Пријавувањето се врши со пополнување на Пријавен лист (формулар), кој треба да се достави во архивата на Општина Штип најдоцна до 6 април 2026 година. Нецелосно пополнетите пријави нема да бидат разгледувани.

„Штипско културно лето” и оваа година ќе се реализира во вообичаениот термин, од последната недела на јуни до крајот на јули 2026 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ