Штип: Од март со камери ќе се ловат неплаќачите на паркинг

Почнувајќи од следниот месец, Општина Штип со помош на смарт сити систем ќе ги „лови“ неплаќачите на градски паркинг.

,,Како мерка, која што ќе биде во текот на овој месец превземена е еден модел на смарт сити во контролата на паркирање, затоа што од март месец ќе започне евиденцијата и контролата на сите возила во централното градско подрачједа се врши со камери, кои ќе ги евидентираат сите регистерски таблици во еден систем од кои штои практично ќе се намали можноста за злоупотреба и за неплаќање паркинг позиции со што само посебе ќе се практично овозможи да паркинг позицииите во централното градско подрачје ги користат само оние кои што имаат реална потреба, оние кои што плаќаат паркинг позиција и верувам дека на тој начин ќе се овозможи повеќе простор и повеќе слободни места за паркирање во центарот на градот. Ова се мерките кои што се превземаат, резултатите неможат да се очекуваат преку ноќ и верувам дека на еден среден рок од неколку месеци и следните години дека ќе се овозможи решавање на оној проблем кои што како град го имаме.“, изјави штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Во текот на март сиситемот ќе испраќа опомени, но веќе од април ќе се започне и со казни:

,,Јас би сакал да апелирам до граѓаните, затоа што месец март ке биде почетокот на овој смарт модел смарт сити контрола на паркирањето во градот, дека во март месец ке помоменуваме, но веднаш потоа ќе започне прозесот на казнување и на она кое што верувам дека ќе користи на сите нас, затоа што мора да има ред и правила. Паралелно на тоа, како локална самоуправа интензивно ќе работиме на зголемување на површините и овозможување на нашите сограгани да наогаат паркинг позиции.“, вели Јорданов.

Со градскиот паркинг во Штип стопанисува штипското јавно претпријатие „Стипион“, а во градот функционира зонско паркирање, како и хуманитарни паркинзи, од кои заработените средства се донираат.

Како и во цела држава, така и во Штип, постојат многу граѓани кои се обидуваат да го избегнат плаќањето преку непрописно паркирање или со избегнување на наплаќачите од јавното претпријатие, што продионесува во сообраќајниот метеж, но носи и финансиски импликации врз претпријатието.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ