Албанскиот претседател Бајрам Бегај во официјална посета на Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со државни и воени почести го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на Македонија. 

По пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамките на официјалната посета претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а по потпишувањето во книгата на впечатоци, тој ќе се обрати пред пратениците.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ