Штипски „Езимит“ на Зоранчо Митровски се етаблира во здравствениот сектор на Словенија

Во словенечкиот главен град, Љубљана, групацијата „Езимит“ веќе неколку години е дел од пошироката приказна поврзана со Медицинскиот центар „Дунајски кристали“, кој во јавноста е препознаен како македонско присуство во словенечкиот приватен здравствен систем. Македонската групација и нејзиниот сопственик Зоранчо Митровски, со својата инвестиција во Словенија, отвора едно од поретките прашања во домашната бизнис-јавност: што значи кога македонска компанија инвестира во приватен здравствен сектор во држава членка на ЕУ.

Во овој случај, ваквиот чекор добива уште поголема тежина бидејќи станува збор за здравство, област со строги стандарди, силна регулатива и високи очекувања од пациентите. Затоа потегот се чита како сигнал дека македонски капитал може да се позиционира и на пазари каде довербата се гради бавно, а квалитетот се мери секојдневно, од преглед до исход.

Медицинскиот центар „Дунајски кристали“, работи како модерен, мултидисциплинарен центар со услуги „на едно место“. Од амбулантни прегледи и дијагностика, хируршки сали, модерни 5Г ортопедски, современа интензивна нега со опрема од последната технолошка генерација, трауматолошки, неврохируршки операции како и естетска хирургија под раководство на професор Ахчан Урош, најпознатиот естетски хирург во Европа. Доктори се професори по хирургија и ортопедија кои често пати се едукатори на македонските доктори во државните и приватните болници. Не ретко македонски доктори присуствуваат и се едуцираат од словенските токму во болницата Дунајски кристали.

Инвеститорот Зоранчо Митровски сопственикот и директор на „Езимит“ според документот достапен на Централниот регистар на Словенија, вложил основачки капитал од 20 милиони евра, а досега се инвестирани над 24 милиони евра. Во Словенија, иако е здравствено најнапредна од бившите југословенски земји, листите на чекање се многу големи и затоа вакви инвестиции во здравството се добредојдени. „Дунајски кристали“ е најголемата приватна болница во Словенија.

Митровски вели дека ова не е само деловен чекор, туку долгорочен пристап кој треба да донесе дополнителен капацитет во средина каде пациентите очекуваат услуга со високи стандарди.

„Нашата цел беше во Словенија да изградиме услуга што ќе биде достапна и врвно организирана по европски стандарди“, вели Зоранчо Митровски.

Според него, клучниот мотив е да се намали „празниот“ период што најмногу ги оптоварува пациентите.

„Покрај инвестицискиот аспект, ова го гледаме како можност да создадеме институционална патека за научна размена на знаења и развој на услуги што ја следат европската практика, што на крај би резултирало со унапредување на двата здравствени системи“, додава тој. Митровски потенцира дека ваквите проекти имаат и поширока симболика за тоа како домашните компании можат да се позиционираат надвор од границите.

„Ова е доказ дека македонски компании можат да создаваат вредност и во најрегулираните сектори во ЕУ, кога зад проектот стои сериозна визија и тим“, вели сопственикот на Езимит, Зоранчо Митровски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ