На 71-годишна возраст, по подолга борба со болест, денеска почина професор и доктор Владо Јаневски, познат хирург и сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Јаневски фелата и пошироката јавност го знаеше како медицински професионалец со значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки на Владо Јаневски ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.





