Новинари во посета на родителите на загинатите од Пулс

Новинари, претставници на Здружението на новинари на Македонија, викендов беа во посета на здружението на семејствата на загинатите од трагедијата во Пулс:

„Денес добивме едно навистина топло и убаво изненадување.
Во нашите простории нè посетија претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, потпретседателката Маја Јовановска, претседателката на Советот за етика во медиумите Леунора Калиќи, како и нашата пријателка и новинарка Деница Чадиковска, која со фотографија ја овековечи средбата.

Средбата беше искрена, човечка и полна со разбирање.
Се почувствува внимание, почит и вистинска желба да се слушне што ни тежи, низ што поминуваме и што ни недостасува.

Особено ни значи тоа што самите побараа да дојдат – од почит, од солидарност,
и од искрено признавање на напорот што секојдневно го вложуваме
како здружение… и како родители кои ја носат најтешката болка.
Ваквите мигови даваат чувство дека не сме сами. Дека некој гледа, некој слуша,
и некој искрено сака да биде поддршка.“
– велат од здружението „16-ти март 2025“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ