ССМ ја напушти седницата на ЕСС – „Се обидоа да протнат усогласување на минималната плата за околу 1600 денари“

Кратко по започнувањето, претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја напуштија седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Во кратката објава, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов најави нови протести во средината на март и објасни зошто ја напуштиле седницата:

Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март!“, напиша Трендафилов.

Минималната плата е една о точките на дневен ред на денешната седница, каде како што најави министерот за економија, Бесар Дурмиши е и просечната потрошувачка кошничка што ја изготви Владата, паралелно со таа на синдикатите.

-Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ставена на дневен ред на ЕСС, но одговор – предлози, забелешки, сугестии од другите две страни, работодавачите и синдикатите, сè уште немаме. На оваа седница, што ќе се одржи на 2 март, повторно ќе ја ставам на дневен ред за да ја дискутираме. На крајот, кога ќе ја финализираме, ќе биде објавена пред јавноста потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции. Нема да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Да не им сееме магла на граѓаните, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец , рече Дурмиши.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ