Мајка со дете скокнала од зграда во Скопје

Мајка со дете скокнала од зграда во Скопје.

Од МВР за некои медиуми потврдиле дека околу 14.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од балкон во зграда во скопската населба Карпош скокнала мајка со дете.

Идентитетот на жртвите засега не е познат, а увидни екипи на полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

Неофицијално станува збор за мајка на околу 45 годишна возраст и ќерка на околу 10 години возраст.

Балконот се наоѓал на шести кат на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ