Насилството не престанува! Уште две жени истепани од мажите

Фото: Фрипик

МВР информира за нов напад на две жени.

-На 04.03.2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 03.03.2026 во 16:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко – доверителски односи агресивно се однесувал агресивно кон неговата невенчана 35 – годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата. Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ