Уште двајца насилници од Штип и Виница нападнале сопруги, едната пренесена во болница

Фото: Фрипик


МВР информира дека уште двајца насилници нападнале сопруги.

Ова се деталите:

-На 04.03.2026 во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(38) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди констатирани во Клиничка болница Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Т.(59) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 03.03.2026 агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ