Со пиштол сакал да ги убие сопругата и трите ќерки! Спречен трагичен крај на семејно насилство во Скопје

Фото: Фрипик

МВР информира за семеен насилник од скопската населба Кисела Вода, кој бил пријавен во поливија. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода насилник во Скопје, од пиштол пукал во домот, следува соодветна пријава

-На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка, информираат од СВР Скопје и додаваат:

-Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби. Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштнието.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ