МВР: Насилник од Скопје отстранет од домот, го нападнал синот

Фото: МВР

Изречена итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство

-На 10.03.2026 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е поднесено барање до Основниот граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б. (68) од Скопје поради извршено семејно насилство. На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б. постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син. Од страна на Судот, изготвено е решение со кое на Љ.Б. како сторител на семејно насилство му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство- отстранување од домот во времетраење од 30 дена, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ