Внимaвајте, се добиваат лажни СМС пораки за сообраќaјни прекршоци, предупреуваат од СВР Охрид

Фото: МИА

СВР Охрид ги повикува граѓаните да внимаваат на СМС пораките на мобилните телефони дека сториле сообраќаен прекршок.

-Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти.
СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства. Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства, информираат од СВР Охрид.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ