Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице


Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се прави значаен чекор кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните.

-Со Правилникот подетално се уредуваат постапката за поднесување на барање, потребната документација, начинот на работа на стручните комисии и второстепената комисија, како и издавањето и евиденцијата на наодите, оцените и мислењата. Клучната новина е што кон барањето ќе се доставува наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, изготвено од стручна комисија, инфформираат од МСПДМ.

Оваа промена носи двојна придобивка:

  • за стручните служби – појасна и поефикасна процедура;
  • за корисниците – поедноставена постапка и побрз процес за стекнување на правото на надоместок.

Продолжуваме со политики што значат поедноставни процедури, побрзи услуги и поголема поддршка за граѓаните на кои таа им е најпотребна.

Линк до Правилник: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/regulativa-od-oblasta-na-socijalnata-zastita-file-PZjw.pdf 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ