Ненадејно почина актерот Кирил Поп-Христов. Далеку од дома, во Еквадор каде од 2014 година Кили живее со сопругата Гордана Деан и ќерката Јоана.
Веста за неговата смрт ја потврди сопругата Гордна, која на Фејсбук напиша:
-Кили ни отиде. Те сакаме, напиша Гоца и ги додаде ќерките Јоана и Нина.
Пред да се пресели со семесјтвото во Еквадор, Кили имаше здравствени проблеми и, како што тогаш велеше, лекарите не му предвидувале уште многу живот. По опоравување од тешката операција на тумур, тој реши да се пресели во Еквадор и таму да го продолжи лекувањето. Се преселија со Гоца и Јоана и таму создадоа дом. Во меѓувреме со момче од Еквадор се омажи Јоана, а Кили стана дедо на малиот Круз. Нина, пак, остана во Скопје.

-Многу тешко, едни ваму, други таму, велеше Гоца, која кога го доби внукот Каи, од ќерката Нина не можеше да дојде во Скопје да ги види, бидејќи поради короната границите беа затворени.
Кили беше уникате актер и човек. На социјалните мрежи постојано објавуваше моменти од животот во Еквадор на нему својствен начин. Поради работата неговата сопруга мораше да патува до главниот град Кито, а Кили постојано живееше во градчето Олон во јужниот дел од државата.
Една година по преселувањето во Еквадор тој рече:
-Повеќе од добро сум… За неколку недели завршив со ракот… 97проценти сум излекуван. Целосно. Докторите ми велат дека за 3-4 недели моето тело ќе биде 100 проценти исчистено од зли клетки. Значи… се лекува ракот, кажа тогаш Кили.
Тој беше воодушевен од Еквадор и ја споредуваше со некогашна СФРЈ.
-Па ова е рај на земјата. Ова е земја за нас. Ова е земја за сите наши луѓе. Овде е исто како што беше во СФРЈ. А тоа кажува сe. Овде почнав да дишам. Конечно. Овде е лето постојано. Ма рај на земјината топка. А воздухот е совршен. Среќен сум, а тоа е повеќе од доволно за добро здравје. Додека дишам ќе се надевам, рече тогаш актерот.

Кили е роден во 1967 година во Скопје. Дипломирал на ФДУ, oд 1993 до 2014 година бил член на ансамблот на Македонски народен театар.и зад себе остави многу актерски остварувања. Играш во филмовите и сериите Тетовирање, Трст виа Скопје, Преку езерото, Панкот не е мртов и други. Глумеше и во театарските претсави Народен пратеник, Ослободувње на Скопје, Ревизор….
В.М.




