„300 багреми за загинатите“ – „Осоговски орел“ со акција за пошумување и пешачење посветена на настраданите во „Пулс“

Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ – Кочани, в сабота, 14 март 2026 година, со почеток во 13 часот, за сите љубители на природата организира акција за пошумување и рекреативна прошетка. Настанот е посветен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, меѓу кои се и членовите на „Осоговски орел“, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев.

Пошумувањето ќе се реализира во месноста Пресечена Скала, над Фабриката за вода во Кочани, каде што ќе бидат засадени 300 багреми.

По завршувањето на пошумувањето, планирано е пешачење од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Планираната патека е долга 8 километри.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ