Кочанчанецот Иван Стојменов е еден од над 200-те повредени во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани. Денес по една година од таа кобна ноќ, која зеде 63 животи, тој се сеќава на тие траорни моменти и брбата за живот.
Н неговиот профил на Фејсбук, тој напиша:
Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Нокта кога животот и смртта беа толку блиску. Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завшив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба… борба за здив, за сила, за живот. Докторите вела дека е критично. Но Господ имаше други планови.

Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ке ме потсетуваат на таа нок. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата. Таа нок никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме лугето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ке останат во нашите срца.
Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат – животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов. Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луге што беа покраі мене кога беше најтешко. Животот ми даде втора шанса. И ветувам дека ке ja живеам така како што заслужува. Никогаш да не се повтори.!!!!! Вечна им слава на починатите,




