Кавадарчанец апсен два пати во ист ден – Го привеле за возење мопед без возачка, тој се вратил со автомобил

Фото: МВР

Лишен од слобода кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола

-На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ