Зеленски: 201 украински специјалисти за дронови се во Блискиот Исток во помош на САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека 201 украински воен специјалист за борба против дронови се распоредени на Блискиот Исток за да помогнат во одбраната од иранските дронови „Шахед“, објави „Гардијан“.

Изјавата беше дадена за време на обраќањето на Зеленски пред британскиот парламент во вторник. Тој рече дека уште 34 експерти се подготвени да бидат испратени.

„Ова се воени експерти кои знаат како да помогнат и како да се одбранат од беспилотни летала „Шахед“. Нашите тимови веќе се во Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија и се на пат кон Кувајт“, рече украинскиот шеф на државата.

Во исто време, Зеленски изрази сериозна загриженост дека војната на Блискиот Исток ги одвлекува САД од Украина и ги забавува дипломатските напори за прекин на конфликтот. Во интервју за Би-Би-Си, тој предупреди дека состаноците меѓу земјите се одложуваат токму поради ескалацијата околу Иран.

„Имам многу лошо претчувство за влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина. За жал, вниманието на Америка е повеќе насочено кон Блискиот Исток“, рече тој, додавајќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е фокусирана на Иран.

Според него, Киев одржува секојдневен контакт со американската страна, додека Вашингтон одржува паралелни разговори и со Москва. Зеленски прецизираше дека САД понудиле да бидат домаќини на преговори меѓу земјите, но Русија одбила состанок на американска територија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА