Стерилизација на мајката после трет царски рез? Директорката на ГАК со предлози за намалување на смртноста кај мајките

ФФото: Принтскрин видео

Процентот на царски рез е навистина зголемен, а секој ов поатму носи ризик и за мајката и за детето и тоа претставува голем проблем. Ова особено поради фактот што неодамна почина мајка, која имала четврт царски рез и петта бременост.

Ова го рече директорката на ГАК; Ирена Алексиеска Папестиев на денешната порес конференција во Министерствот за здравство.

-Царскиот рез понекогаш е оправдан за животот на мајката и за бебето. Секогаш после третиот царски рез предвидуваат стерилизација на мајката затоа што секој нареден царски рез е компликација. Меѓутое ние не можеме да ја стерилизираме мајката без да добиеме согласност. На жената и било понудена стерилизација по третиот царски рез, но одбила. Родила четврто дете по петта бременост и настанаа компликации. Треба да обрнеме внимание на мајчиниот морталитет, бидејќи се повеќе жени почнаа да раѓаат на повисока возраст кога има исклучителен број на коморбидитети. Сега имавме уште една многу тешка пациентка, која има дијагностицирано онколошка болест. На почетокот на бременоста препорачавме да ја прекине, но жената има 43 години и кажа дека го прифаќа ризикот. Жената дојде до сериозен проблем, со цироза, со асцитид, со четири часа операција од царски рез, со исклучителен стрес за сите во сала, но среќа и благодарение на целиот тим се породи. Се повеќе постари пациентки со коморбидитети раѓаат и се повеќе имаме гинеко онколошки пациенти. Наредниот фокус треба да биде ажурирање на протоколите, на препораките да не се прави царски рез без потреба. Царскиот рез некогаш може да го спаси животот на мајката и бебето, но ако е непотребно направен може да доведе до компликации, рече директорката и ги објасни протоколите:

– Треба да се поработи и на подигање на свеста кај населението. Треба да организираме кампањи за да се подигне свеста, додаде таа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ