Интересите на политичките партии не се предмет на мој интерес, рече Ненад Савески

Фото: Принтскрин

Им благодарам на колегите судии од ОКС Скопје за сите убави моменти, на Владата која ме предложи, на пратениците, кои ме поддржаа и на нивните коректни ставови за мене. А тоа има голема одговорност. Ги повикувам сите јавни обвинители заедно со мене, иако нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене, заедно да ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и Закон постапуваме ние јавните обвинители.

Ова го рече во првото обраќање новиот државен јавен обвинител Ненад Савески пред новинарите откако и официјално седна во главото обвинителско столче.

Тој понатаму рече дека очекувал поширока поддршка од пратениците, но интересите на политичките партии не биле предмет на негов интерес „ниту вчера, ниту денес, ниту во иднина“.

-За мене без оглед колку гласови сум добил мојата одговорност во иднина зависи што како законска обврска е предвидено во делокругот на моето постапување. Пред мене секогаш сум го имал Уставот, законите и секако меѓународните стандарди и сите мегународни документи кои се дел од нашиот правен поредок. Вчера реков дека секој предмет има еднакво значење, нема да правам приоритети. Селекција не се прави на тој начин ниту од кого би бил повикан како да постапам. Има законски регулативи и јавноста, вклучиелно и политичката, има право да коментира, но секој јавен обвинител пред себе ги има зконските регулативи и меѓународните документи. Денес прво ќе се сретнам со обвинителите да ме запознат со состојбите а мојот план за работа е модернизација на ЈО со дигитализација на управување со предметите, преку која програма би се следела работата на секој јавен обвинител. Секој јавен обвинител има обврска да одговори на сето она што јавоста очекува одговор. Транспарентноста треба да важи за сите па и за Советот на јавни обвинители, рече Савески, а на новинарско прашање дали ќе има средства за сите негови планови тој рече:

-Јавното обвинителство не може да направи ништо ако нема поддршка од другите институции. Очекувам да го видам конечниот текст на Законот за ЈО, да видиме што предвиделе пратениците, која ќе биде конечната верзија и од тука да се креираат плановите. Факт е дека на Обвинителството му требаат финансиски средства. Мора да имаме финансиска можност за да го следиме криминалот и секој кој го прекршил законот да биде гонет, рече тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ