ССМ: Синдикалната минимална кошница за март 67 818 денари

Фото: Фрипик

На едно четиричлено семејство во март годинава му биле неопходни 67 818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ,  со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари.

-Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326,00 денари, посочуваат од ССМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ