Невиден срам! На роденденот на мајмунчето Мики во Зоолошка половина од подароците му ги украле гостите

Приказната што доаѓа од Зоолошката градина во Скопје е за верувале или не! А верувае или не на роденденот на мајмунчето Мики во четвртокот имало многу гости, кои донеле подроци за него и за зоонегувателките. Но, по завршување на роденденската журка многу од подароците биле украдени, токму од гостите кои му дошле на роденден.

Јавноста е згрозена од постапката на некои луѓе, на кои им долшло од мајмунски роденден да крадат, а вработените се разочарани од нивната постапка.

-Роденденот се случи во четвртокот. Мајмунчето Мики има тешка животна приказна од која излезе како победник и токму заради тоа ние решивме да му го прославивме роденденот. Дојдоа многу луѓе, имаше организирана посета на дечиња од градинка. Имаше многу подароци, ги оставаа пред неговото живеалиште. Кога дојде време да се дуваат свеќичките на тортата ние излеговме надвор и кога се вратиме внатре свативме дека половина од играчките ги нема. А му подаруваа кебенца, плишани играчки, банани, а имаше и букети цвеќе за зоонегувателките, па и цвеќињата ги украле. Банани имаше, но од нив не земеле, вели Тина Мицкоска, голем љубител на животните и вработена во Зоолошка.

Таа вели дека сите вработени се разочарани и посрамотени за туѓ срам.

-Искрено мене ми е срам за туѓ срам. Со оваа постапка мислам дека го допревме дното. Имаше групи деца од градинка, имаше многу луѓе. Се се случи за пет минути, кога ги дувавме свеќите од тортатата надвор. Не можам да сфатам дека има луѓе што би украле од мајмунче. Па дури и букетите од двете зоонегователки. И играчките и букетите беа мали и гарант ги ставиле во торбите, вели Тина.

Според неа дека не се сите луѓе исти покажува фактот што многу луѓе кога дознале за кражбата се јавиле да помогнат.

-Многу луѓе се јавија да му донесат нови подароци и се што му треба на Мики. Ете една добра работа. Не се сите крадци, има и добри луѓе, додава Тина.

Малиот гибон Мики во Скопје ЗОО, го прослави првиот роденден. Неговата животна приказна започна тешко, но заврши со надеж, љубов и среќен крај. Мики како бебе, на возраст од само неколку месеци, беше отфрлен од мајката и се соочи со сериозни повреди на главата и епилептични напади. Во тие најкритични моменти, неговиот живот зависеше од човечка грижа, посветеност и борба.

-Нашата зоонегувателка Зера, 24 часа дневно беше покрај него, со мала помош од колешките дадилки, без ниту еден момент да остане сам. Со многу љубов, трпение и стручна грижа, Мики денес е здраво, активно и разиграно младо гибонче. Преку оваа прослава сакаме да ја споделиме неговата инспиративна приказна со јавноста, но и да потсетиме дека гибоните се загрозен вид кој има потреба од заштита. Истовремено, сакаме јасно да укажеме дека мајмуните не се домашни миленици, а човечката грижа во случајот на Мики беше единствена шанса за негов опстанок. Со просавата на роденденот беше можност да им оддадеме искрено признание и благодарност на сите кои беа дел од неговото спасување, но најмногу на нашата колешка Зера за нејзината неверојатна пожртвуваност, како и на целиот тим кој учествуваше во неговото лекување, рехабилитација, социјализација и секојдневна грижа. Денеска после сите авантури, Мики е успешно ресоцијализиран и живее заедно со својата сестричка Делфина, велат од Зоолошката градина.

(В.М.)

Фото: Горан Атнасовски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ