Служеле деца со алкохол, па ги бришеле снимките од камерите во кафулето – Кривична за газда од Свети Николе

МВР информира за сопственик и вработен во угостителски бјект во Свети Николе кои служеле алкохол на малолетни лица.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете” и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата”. На 12.04.2025, во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот  со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол послужил тројца малолетници. Додека, четвртопријавениот, на 13.04.2025 ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ