(Видео) Неочекуван спој, моќен резултат: „Минус и плус“ од 2Bona и Лозано

Вистински музички шок се случи вчера на социјалните мрежи кога момците од 2Bona и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна со наслов „Минус и плус“. Нивниот музички проект, кој е големо изненадување за публиката, веќе започна да ниже бројки, пофални зборови и воодушевување на социјалните мрежи. „На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект“, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“ – се само дел од коментарите.

Музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и 2Bona, што резултира со современ звук и препознатлива енергија. Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната. Факт е дека овој проект претставува интересен музички спој кој ги руши жанровските граници и носи нешто ново на домашната сцена.

„Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин. За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.

„Искрено, презадоволен сум – го погодивме vibe-от што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа“, вели Тони.

„Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколку пати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите“, ни изјави Кун.

„Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас“, беше коментарот на Лозано.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ