До човекот е и до неговото воспитување! До неговата свест! До неговите балкански или космополитски погледи на светот!
Ако си балканец, колку и да си добар, ќе затвориш уста и ќе си живееш во ограничен свет, но ако со космополит погледот ти е широк, а срцето полно со почит кон другиот, каков и да е.
Таков космополит е фудбалерот Себастијан Херера од Колумбија, кој доби македонски пасош и вчера вечерта на натпреварот против Данска го имаше своето огнено крштевање во македонскиот дрес.
И замисли! Херера со полна уста ја пееше македонската химна пред почетокот на натпреварот!
А не мораше! Во Македонија престојуваше само пет години, се ожени за Македонка, но за тоа време не само што научи да зборува македонски, туку се потруди да ја научи и химната.
– Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме, рече тој за ФФМ.
Вака размислува спортист… необременет со политика, етничка припадност, наши и ваши….
А неспортистите маскирани во дресови? Нека си живеат во својот ограничен свет, веројатно таму најдобро се снаоѓаат…




