Не треба кармин за да купите јадење, во пижами нарачајте од „Хангар“ во Штип

Гладни сте? Ама не ви се готви! А мама е уморна! Ќе имате гости? Ама некои се веге, некои јадат месо. Некои не се веге ама не јадат месо!

И кој може да ги задоволи сите вкусови? Кој може да остане со часови во кујна па за еден да направи убав бургер, накитен со се што има, за друг да направи сендвич ама „месо никако“, за трет, кој не може да се одлучи, па „може вака“, а „може и поинаку“… И на крај- има ли нешто благо? Ама да не дебели многу!

Е таква домаќинка, која може за кратко време да направи се и да ги погоди вкусовите на сите- нема! Ама има домаќини, кои за многу кратко време сето тоа ќе го направат,ќе го погодат вкусот на сите, а вашата мајка ќе биде одморна и заедно со сите ќе седне на маса!

Вакво нешто досега имаше во Неготино, а од минатата недела и во Штип.. „Хангар“, тоа е местото подготвено да одговори на сите апетити, на сите вкусови и желби.. И што е најважно! На жените, кои се газдарици во кујната не им треба кармин за да одат да купат јадење, туку може да си направат нарачка во пижами! На 078528028 се прави нарачката и бидејќи имаат сопствена бесплатна достава, јадењето ќе стаса на врата! Си имаат врботени, кои со брендирано возило храната ќе ви ја донесат до дома. И сите среќни и задоволни!

Е токму тоа е и желбата на тимот од „Хангар“! Тоа е идејата- сите да бидат среќни! А кога има квалитетна и брза услуга, голем избор за сите, од „апетитли“ до „мерчи на калории“… Бидејќи ова не е класична сендвичара, ова е катче за сите пребирливи и непребирливи, за сите на кои им значи „среќен стомак“ и сите за кои- не е се во храната!

„Хангар“ се наоѓа во центарот на Штип, зад трговскиот. Отворен е само една недела, а очекувањата се надминати.. А за сето тоа придонесува вкусната и свежа храна, со свинско, телешко и пилешко месо, без месо, разновидни салати и специјалитети од чија и останати веге сладурии, свежи сокови и рзновидни кафиња, пото бесплатната достава секако насмевката и на персоналот и на задоволните гости…

А ова е менито за среќни гости:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ