(Видео) На 16 кат во зграда во центар на Атина чувал 31 кокошка, 10 кози, три јариња, птици…

Фото: Грчка полиција/ јутјуб видео

Во нелегална и импровизирана фарма на тераса на 16 кат на зграда во центарот на Атина, биле откриени 31 кокошка, десет птици од различни видови, десет кози и три јариња, а грчката полиција покренала пријава за две лица поради прекршување на законот за заштита на животните, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општина Атина соопштија дека по пријава за незаконско одгледување и нехигиенски услови за животните, обвинителот за заштита на животни издал усна наредба градот и Одделот за урбана фауна да го преземат отстранувањето на животните.

Птиците биле пренесени во Националната градина во центарот на Атина, а останатите животни во безбеден простор на општината, додека сите животни ќе бидат подложени на контроли за евентуални заболувања.

По поднесена пријава реагирала и грчката полиција со извршена контрола на зградата „каде било утврдено дека на заедничкиот простор на терасата била поставена импровизирана конструкција, во која се чувале животни во несоодветни хигиенски услови“.

Веднаш бил формиран предмет против грчки државјанин, како и против компанија за управување со недвижности, поради прекршување на законот за заштита на животните.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ