Политиката настрана, испишуваме историја, вели Ристески, спортски директор на ГРК Охрид

ФФото: Фејсбук

Спортски директор, на ГРК Охрид, Славчо Ристески преку пос на Фејсбук се обрати на јавноста. Тој се заблагодари на навивачите и повика- политиката настрана!

Во написот Ристески вели:

-Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен. Бевме одлично примени од екипата на Олимпијакос и натпреварот помина во одлична ракометна атмосфера. Ја повикувам публиката, симпатизерите и навивачите во сабота да бидат 8-от играч на ГРК Охрид и ветер во грб на нашите гладијатори. Ве молам со фер и најкоректно навивање и поддршка за нашите момци да му помогнете на клубот. Транспарентите во преполната сала Билјанини Извори да бидат исклучиво за поддршка на нашиот клуб и Македонија, да ја оставиме политиката настрана и да му помогнеме на нашиот град да испишува историја, напиша тој.

Ракометарите на ГРК Охрид со победа од пет разлика (31:26) се вратија од гостувањето од Атина од првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос. Реваншот охриѓани ќе го играат пред полни трибини на домашен терен.

Со почит,

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ