Утре на вонредна седница Владата ќе ја намали акцизата на бензините, се размислува за укинување на данокот на храната од 5 отсто – најави Мицкоски 

Следна мерка за превенирање на растот на инфлацијата е намалување на акцијата на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој потврди дека утре на вонредна седница ќе се донесе одлуката. Како што објасни премиерот, со одлуката, доколку Окта одлучи да го проодлжи попустот за 3 денари за литар и во наредните две недели, во понеделник ќе нема поскапување на дизелот. 

-Според овие калкулации,  дизелот во понеделник требаше да поскапи за 7 денари, а бензините од 1.2 – 2 денари. Со утрешната седница се исполнуваат условите  акцизата да се намали за 4 денари по литар за дизлот, а за бензинот 2 денари. Со тоа, цената на дизелот ќе се корегира за 3 денари. Имајќи предвид дека иистекува периодот за попуст од Окта, ќе ги обновиме разговорите со нив, ако продолжат со попуст, тоа подразбира дека нема да има зголемување на цената на диезелот, додека за бензините 2 денари – тоа значи половина денар за бензинот поевтино, со попустот од Окта, ќе имаме 2,5 денари поевтин литар бензин.  Ќе продолиме и со мерката понизок 10% ДДВ уште две недели и ќе ја следиме состојбта и така ќе реагираме, изјави Мицкоски. 

Според оваа пресметка, според премиерот, во понеделник, цената на бензините ќе се движи од 1.32 – 1.70 евра, додека литар дизел 1.50 до 1.53 евро, што според него, е најниска цена во Европа. Овие мерки, државниот буџет ќе го чинат како што рече Мицкоски, многу, повеќе милиони евра.

Очекувањата се во следниот период инфлацијата да се движи од 4-5 проценти, а се размислува и за укинување на данокот на храната, која е оданчена со 5 проценти. Нафтени деривати има доволно, во цевководот од Грција има гориво за 60 дена.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ