(Видео) Кубанско сонце, насмевка и танц – Концерт на Ален Перез и Националниот џез оркестар

Убавина од емоции, танци и музика од разиграната Куба и латино музика. Така беше вчера во НОБ на концертот на Ален Перез, кој освен со својот бенд настапи и во придружба и со Националниот џез оркестар.

Публиката уживаше во латино џез музиката, а уживаше и Перез, кој рече дека е прв пат во Македонија и дека многу му се допаднало. Не ја пропушти можноста и да го пофали Националниот џез оркестар, кој е и организатор на концертот.

На почетокот на концертот се обиде на англиски јазик да комуницира со публиката, но бидејќи, како што кажа, неговиот англиски е слаб, па затоа им се обраќаше на шпански. Но, низ целиот концерт покажа дека јазикот не е бариера кога мујзиката е во прашање. Не е важно дали го разбрале што кажал, важно е што музиката ги спои различностите и салата во НОБ се претвори латино денс сцена. Се играше, се аплаудираше, се враќаше на бис за уште малку се ужива во неговиот танц, неговата енергија низ која провејуваше кубанското жешко сонце.

Ален Перез е кубански музичар, продуцент и композитор познат по своите придонеси во светот на латино и афрокубанската музика. Тој освен што е пејач е и басист, тоа го покажа и на сцена.

Неговат кариера трае над три децении, работел со многу познати светски имиња, меѓу кои е и Пако Де Лусија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ