Емина Јаховиќ на 14 мај во Скопје: Ексклузивен концерт во Филхармонија

Фото: Јутјуб

Една вечер. Еден момент. Едно незаборавно доживување. Една од најголемите музички ѕвезди од регионот – Емина Јаховиќ доаѓа во Скопје!

На 14 мај, концертната сала на Филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда.

По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во Скопје со специјален концертен концепт, подготвен ексклузивно за оваа вечер. Публиката ќе има ретка можност во живо да ги слушне песните што оставија силен печат, како „Дал она зна”, „Вукови”, „Мед”, „Пиле моје”, „Лимунада” и многу други, изведени во поинаква, поинтимна атмосфера.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство. Вечер во која музиката зборува повеќе од зборовите, а секоја песна носи своја приказна. Амбиентот на Филхармонија дополнително ќе ја засили магијата, создавајќи атмосфера и вечер што долго ќе се памети.

Организатор на овој ексклузивен музички настан е Евентум продукција, која најавува продукција на високо ниво и вечер достојна за најголемите регионални имиња.

Билетите се пуштени во продажба од денес, а поради ограничениот капацитет се очекува брзо да бидат распродадени. Истите може да се набават преку мрежата на https://e-ticket.mk/event.php?id=220.

14 мај е датум што не се пропушта! 14 мај е вечер за дружба со Емина Јаховиќ и вечер за музика, емоции и уникатно доживување!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ