АХВ: Немаме добиено нотификација дека на македонскиот пазар е пласирана храна за бебиња од брендот HiPP со вкус на морков и компир

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

Посочуваат дека Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.

-Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот е пласиран на македонскиот пазар – информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ