(Видео) Белградските рокери „Ван Гог“ со песна за спас на планетата Земја

На Светскиот ден на планетата Земја, регионално популарната рок група „Ван Гог“ од Белград ја претстави својата нова песна и видео запис „За планету S.O.S.“, како трет сингл од нивниот претстоен, единаесетти студиски албум.

Станува збор за проект со силна еколошка порака, осмислен како музички триптих. Првата верзија на песната се појави во 2024 година во изведба на детскиот хор „Колибри“, додека најновата верзија, објавена во 2026 година, е во изведба на групата „Ван Гог“, со гостување на детски хор кој дополнително ја засилува емотивната и симболичната димензија на композицијата.

Од бендот најавуваат дека третата, финална верзија на „За планету S.O.S.“ е веќе во подготовка, со што ќе се заокружи овој уникатен музички концепт посветен на заштитата на животната средина. Песната е веќе достапна на сите дигитални платформи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ