Забрана на двојно државјанство да важи и за сите избрани функционери, бараат од Партија на пензионери

Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението на Партијата на пензионерите, кое МИА го пренесува интегрално. 

Исто така, бараме и ја подржуваме идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја.

Со донесување на ваков закон би се решиле и отфрлиле сите идни можни препукувања помеѓу политичките фактори во земјата за тоа кој и како работи за странски интереси и воедно би се исклучиле сите можности за директно непринципиелно и злонамерно коментирање на кои било странски политичари и влади.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ