(Видео) Јокиќ казнет со 50 илјади долари за учество во тепачка

Фото: Јутјуб видео

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс.

Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика.

По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и беа исклучени. Лигата пресуди дека српскиот играч ја предизвикал тепачката туркајќи го МекДениелс, а Рендл ја ескалирал ситуацијата интервенирајќи и туркајќи го играчот на Денвер, Брус Браун.

Рендл е казнет и со 35.000 долари. Двајцата играчи ќе можат да играат во петтиот натпревар од серијата, кој ќе се одржи во Денвер.

По четири натпревари, Денвер губи во серијата со 3:1. Следниот натпревар ќе се одржи на домашната арена на Нагетсите на 28 април. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ