Мозокот на Брус Вилис семејството ќе го донира на науката, неговото здравје се полошо

Фото: Јутјуб

Познатиот холивудски актер Брус Вилис долго време страда од фронтотемпорална деменција, а најновите вести за неговата состојба не се добри, пренесува нова.рс.

Ема Хеминг Вилис, сопруга на Брус Вилис, откри дека болеста напредувала и дека актерот не е свесен за неговата дијагноза. Додека неговото големо семејство се соочува со неговата состојба, тие донеле одлука по смртта на Брус да го донираат неговиот мозок за медицински истражувања.

Ема истакна дека оваа одлука била многу тешка во емоционална смисла, но се надеваат дека ќе придонесе за подобро истражување и разбирање на оваа болест.

Ема неодамна откри дека Брус не е свесен за својата состојба и дека ја доживува како олеснителна околност.

„Тоа е благослов и проклетство што Брус никогаш не го сфати – никогаш не поврза дека ја има оваа болест. И навистина сум среќна поради тоа. Навистина сум среќна што тој не го знае тоа“, изјави таа за „Радар онлајн“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ