Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија.
„Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали штети на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСИС.
Епицентарот беше во областа помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, околу 190 км северно од Белград.
Десетина минути подоцна, беше регистриран послаб земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала, информир МИА.
Граѓаните го пријавија земјотресот преку апликацијата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). „Бучава. Тресење неколку секунди. Ме разбуди“, напиша еден граѓанин на Змајевац. „Вратата од терасата и радијаторот се тресеа, мачката скокна од сон секунда порано, но остана на креветот.“ „Ме разбуди, креветот се тресеше.“ „Го почувствував 5 секунди, беше како воз да ме поминува.“ Целата куќа се тресеше како да се удрил автомобил во неа. Почувствував два помали последователни потреси околу 10 минути подоцна“, пишуваше во коментарите. „Силен земјотрес. Се почувствува на третиот кат како да бевме до железнички пруги. Околу десет секунди, прозорците, плакарите крцкаа.“ „Мислев дека е бомба“, пишуваат корисниците на ЕМСЦ.





