(Видео) За тие со длабок џеб! Зошто треба да одите на островот Кох Ронг во Камбоџа

Фото: Јутјуб

 Плажата на камбоџанскиот остров Кох Ронг – една од водечките островски дестинации во Камбоџа, влезе меѓу 50 најдобри плажи во светот за 2026 година. Имено, овој малку познат или за многумина – новоооткриен бисер на Далечниот Исток е рангиран на 9 место, на пр. пред заливот Доналд Дак  во Тајланд, Дигура на Малдивите и Плаја Баландра во Мексико, пренесе БТА.

На врвот на списокот за 2026 година е плажата Енталула на Филипините, по што следат Фтери во Грција и Вортон во Австралија. Носи Иранџа на Мадагаскар, Источната Плажа на островот Вомо, Фиџи и Источниот Шоал Беј во Ангвила се рангирани на четврто, петто и шесто место, соодветно.

Кох Ронг е позната по својот долг дел од бел песок и бистри, плитки води. Нејзиниот ограничен развој помага да се одржи мирната атмосфера, со големи делови од песок и места со бујно тропско зеленило. Големината на плажата, бистрата вода и нискиот број посетители ја издвојуваат од попрометните дестинации во ова подрачје. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ