Со „Чукни во дрво“ во живо за крај виртуозот Влатко Стефановски енес ги промоцвираше двата алуми инструменталниот „Guitar sings“ и новиот студиски албум „Muscle Memory“, во издрание на дискографската куќа „Кроација рекордс“ (Croatia Records) од Загреб.

Покрај Влатко, за новите изданија зборуваа Маја Видмар Клариќ, извршен директор на „Кроација рекордс“, и Клаудија Чулар, уредник во таа дискографска куќа и, во последните години, уредник на изданијата на Влатко Стефановски, кој неодамна во Хрватска ја доби престижната музичка награда „Порин“ (Porin Special Merit Award).

Со албумот „Guitar sings“ (Гитарата пее) Стефановски се приклучи како дел од поголем проект во Хрватска за композиторот и хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ, а албумот содржи инструментални верзии на десет песни на Новковиќ.

По шест години од претходниот студиски албум (Taftalidze Shuffle), „Кроација рекордс“ го објави новиот – „Muscle Memory“ (Мускулна меморија), кој на 14 мај ќе биде објавен и на винил.
-Овој албум ја покажува потребата на Влатко за создавање и по повеќе од 50 години музичка кариера. Тој е музичар што не мирува, тој го наслушува времето во кое живее, ги наслушува настаните и, на некој начин, има потреба тоа и да го отсвири. На овој албум има девет песни, некои инструментални, некои се стихови и драго ни е што имаме продолжение на неговата соло кариера, рече уредничката Клаудија Чулар, па додаде:

-Неговата кариера трае повеќе од 50 години и да не одам во далечно минато, ќе спомнам само некои последни изданија кои ги објавивме на винил, како „Taftalidze Shuffle“, „Mother tongue“ (Мајчин јазик), „Сеир“, како и овие што денеска ги претставуваме – „Guitar sings“ и „Muscle Memory“. Имаме тука и едно издание што го објавивме минатата година – троен винил „London Sessions“. Кога ќе ги видите овие изданија, објавени во релативно краток период, всушност ќе видите колкава е уметничката широчина на Влатко и колкава е неговата преданост кон три сосема различни проекти, на кои се чувствува неговиот авториски музички печат и опивачка, речиси хипнотизирачка виртуозност, рече Чулар.

Директорката на „Кроација рекордс“, Маја Видмар Клариќ, истакна дека им е исклучително драго што соработката со Влатко Стефановски ја имаат од неговата рана кариера со „Леб и сол“ па сè до денес.

-Исклучително ни е драго што соработката со Влатко Стефановски ја имаме уште од неговата најрана кариера па сè до денес. Неговата кариера и виртуозноста на гитарата ги надмина не само границите на Македонија и регионот туку е препозната и во цел свет. Во Хрватска тоа го препознавме многу одамна и оваа година му доделивме и посебно признание – музичката награда „Порин“, со оглед на значењето што Стефановски го остави и врз хрватската музика и врз хрватската култура, изјави таа

Влатко се присети на првиот договор што го потпишал со оваа дискографска куќа (тогаш „Југотон“) во 1983, за објавување на албумот „Калабалак“ на „Леб и сол“.
-Во шега знам да кажам дека дури и да им предложам да објавам албум со тишина, мислам дека ќе го прифатат проектот. Тие имаат разбирање за сите мои инструментални фантазмагории, а имаат интерес и за вокалните нумери што ги работам. Како автор имам подвоеност во себе – во исто време свирам нешто што е блиску до фјужн музката и прогресивниот рок, а од друга страна имам потреба да напишам и некаква балада, која е блиску до рок и поп изразот. Таа моја подвоеност никогаш не успеав да ја помирам, што е веројатно добро. Затоа што јас сум гитарист што пишува песни, текстови, пишува поезија, на некој начин, а од друга страна сум поет кој, како што вие ќе кажете, виртузоно свири гитара. Тие два мои принципа добро се надополнуваат, рече Влатко.

Тој во случајна домшна евиденција, разгледувајќи ги делата, рече дека „Muscle Memory“ е 39-то авторско издание, затоа што ги вбројува и првите албуми на „Лаб и сол“ во кои во голем дел е автор.
Им се заблагодари на сите луѓе кои биле дел од овој албум како Звијездан Ружиќ, Дамир Имери, Горан Папаз и на неговата ритам-секција на која, рече, е особено горд – басистот Иван Кукуќ и тапанарот и негов син Јан.

На крај присутните ги праша дали може да засвири нешто во живо, што секако наие на одобрување, па зема гиттара и како што рече „пролет е“ ја запеа „Чукни во дрво“ од албумот „Путујемо“ објавен во 1989, но и реиздаден годинава.
Стефановски не ја испути можноста да го најави новиот проект мјузиклот „Као какао“, проект инспириран од неговата музика, кој премиерно ќе биде изведен на 2 јуни.





