Уапсен возачот кој вчера усмрти човек кај Росоман

Фото: МВР

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско.

-На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ