Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот, смируваат од СЗО

Фото: МИА

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебреисус на денешната средба со шпанскиот премиер Педро Санчез разговараа за спроведената операција по избивање на хантавирусот на крузерот „МВ Хондиус“.

Гебреисус посочи дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зелено’ртските Острови, кои во тој момент беа најблиски до местото на инцидентот.

Според него, во моментов ништо не укажува на поголемо ширење на вирусот, но предупреди дека ситуацијата сè уште се следи поради долгиот период на инкубација.

Досега идентификувани се 11 сомнителни случаи, од кои девет се потврдени, а уште два се сметаат за веројатни. Сите пациенти се во карантин под медицински надзор, а од 2 мај не е регистриран ниту еден починат.

Санчез наведе дека операцијата била успешна и оти повеќе од 120 патници од различни земји биле репатрирани преку 10 специјални летови.

Според шпанското Министерство за здравство, еден шпански државјанин, кој претходно бил „привремено“ позитивен на вирусот е сè уште стабилен, со благи симптоми, без влошување на клиничката слика. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ