„Голем лидер“ – Трамп го пофали Си Џинпинг

Фото: Х видео

Американскиот претседател, Доналд Трамп, за кинескиот колега Си Џинпинг рече дека е „голем лидер“, и додаде дека му претставува чест што е негов пријател.

„Ќе имаме фантастична иднина заедно“, рече Трамп на почетокот на лидерската средба во Пекинг. Тој додаде дека Си е „голем лидер“, истакнувајќи дека „понекогаш луѓето не сакаат кога го велам тоа, но јас сепак го кажувам бидејќи е вистина.“

Кинескиот претседател од своја страна изјави дека е убеден оти заедничките интереси меѓу САД и Кина се поголеми од нивните разлики. Тој го отвори и прашањето дали двете земји можат да создадат „нов модел на односи меѓу големите сили“.

Си Џинпинг се осврна и на таканаречената „Тукидидова стапица“ – термин што се користи за да се опише ризикот од опасно ривалство меѓу сила во подем и веќе воспоставена светска сила.

На разговорите присуствуваа и владини претставници задолжени за финансии, трговија, одбрана и надворешни работи од двете страни.

Според агендата, Си вечерва треба да организира државен банкет во чест на Трамп, чија посета на Кина е предвидено да трае до петок. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ