Угостителите добија една година грејс период за адаптација на терасите – договорени измените на законот против пушење

Новиот Предлог-закон за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи што беше најавен прес шест месеци, во вторник ќе се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собрание. Се очекува брзо да биде донесен, а кога ќе стапи во сила ќе следат засилени инспекциски контроли, со даден грејс период од 12 месеци за угостителите да го адаптираат просторот каде ќе може да се пуши. Договорените измени се со претставниците на тутунската индустрија, угостителскиот и граѓанскиот сектор како и институциите, беше соопштено на денешниот настан, на кој присуствуваа претставници од повеќе сектори.

Измените, како што беше речено, имаат за цел да го унапредат јавното здравје и да ги заштити младите. Премиерот и министерот за здравство истакнуваа дека решението е донесено низ инклузивен консултативен процес со тутунската индустрија, угостителите и граѓанскиот сектор. Новата регулатива ги опфаќа и електронските цигари, воведува строги контроли за терасите и забранува секакво рекламирање на социјалните мрежи. Владата најавува ригорозни инспекциски надзори на целата територија, со посебен фокус на спречување на продажбата на малолетници.

Претставниците на бизнис секторот го поддржуваат законот, но апелираат на баланс помеѓу здравствените приоритети и економската одржливост. 

-Во разговорите укажавме дека согласно наш шите искуства прекумерната регулација и делумното ограничувањето на трговијата може да резултира со раст на нелегалната трговија и во овој контекст треба да се разгледуваат позитивните искуства на дел од членките од Европската унија. Одговорно стоиме на ставот дека сеуште има области каде може и треба да продолжи конструктивниот дијалог меѓу сите засегнати страни со цел соодветно регулирање на отворените прашања, изнаоѓање на решенија кои ќе обезбедат баланс помеѓу на прво место јавноздравствените приоритети економската одржливост и усогласеноста со современите економски практики, рече Васко Ристовски, претставник на сектор на тутунската индустрија.

Според министерот за здравство, Азир Алиу, законот не го забранува производството, увозот и превозот или продавање на тунските производи, но тој го регулира користењето таму каде што влијае врз здравјето на граѓаните.

-Законот ги опфаќа новите производи, вклучително електронските цигари и несогорливите тутунски производи. коишто ги имаме на на пазар ја зголемува заштитата на децата преку намалување на нормализацијата присутна во училиштата, заштита во приватно возило во присуство на дете, како и на 20 метри од влезовите на здравствените, образовните институции и установите за деца. Законот ја затвара и сивата зона за терасите. Стариот закон знаете дека само велеше дека пушењето е дозволено на тераси. без доволно јасни услови за истите, додека новиот закон воведува јасни и спроведливи критериуми, како на пример терасата мора да биде отворена од најмалку две страни. Во делот на рекламирањето, промоцијата, спонзорствата, законот воведува сеопфатна забрана која ги опфаќа онлајн платформите, социјалните мрежи и инфлуенсерските маркетинг канали што што не постоеа порано кога се носеше стариот закон, а денес има силно влијаење врз ааа а промоција и врз младите, рече Алиу.

Со измените на законот се воспоставува функционален надзор, и наместо неколку органи со недоволно јасна поделба на надлежностите, новиот текст и новиот закон предвидува 14 надзорни органи со прецизно разграничени надлежности за секој од нив. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ