Недоволен е напредокот – од итни, трајни и длабински реформи зависи европското пристапување на Македонија – заклучи Европскиот Парламент

Пратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент во вчера усвоениот извештај за напредокот на Македонија предупредуваат дека прогресот на реформите кон ЕУ е недоволен, особено во владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата. Тие дадода целосна поддршка за посветеноста на Македонија кон членството во ЕУ, нагласувајќи дека напредокот во преговорите за пристапување продолжува да зависи од трајни и длабински реформи. Тие жалат за недостатокот на напредок од последниот извештај и нагласуваат дека итно се потребни обновена политичка посветеност и меѓупартиска соработка, не само за усвојување на потребните уставни амандмани што би овозможиле отворање на првиот преговарачки кластер.

„Драго ми е што AFET Комитетот го усвои извештајот за Северна Македонија во овој клучен момент за проширување на ЕУ. Земјата неодамна презеде важни реформски чекори и од суштинско значење е владата да продолжи со овие напори и цврсто да остане на патот кон интеграција во ЕУ. Иднината на Северна Македонија е во рамките на Европската Унија“, рече известувачот за Македонија, Томас Вајц.

Клучни наоди во извештајот:

  • Потребни се реформи за владеење на правото и борба против корупцијата
  • Уставните измени се блокирани
  • Континуирано усогласување со надворешната политика на ЕУ

Што пишува во увоениот извештај:

Политичка поларизација

Иако демократските институции во земјата продолжуваат да функционираат задоволително, политичката поларизација е во тек и продолжува да ги одложува клучните реформи и назначувања, се вели во извештајот. Европратениците ги повикуваат сите политички партии да се оддалечат од жестоката реторика и да соработуваат за унапредување на европската траекторија на земјата. Тие, исто така, забележуваат дека сеопфатната изборна реформа е задоцнета.

Владеење на правото и странско мешање

Изразувајќи загриженост поради недоволниот напредок во независноста на судството и напорите за борба против корупцијата, европратениците предупредуваат дека корупцијата останува распространета во многу области и укажуваат на јазот помеѓу објавените истраги и конечните пресуди во случаите на корупција на високо ниво. Тие нагласуваат дека одржливиот економски раст зависи од зајакнувањето на владеењето на правото и предвидливоста на судството.

Европратениците, исто така, предупредуваат на координирани обиди за манипулирање со информациската средина и поткопување на довербата во демократските институции и европската иднина на земјата преку малигно странско мешање и кампањи за дезинформации.

Во исто време, тие ја поздравуваат силната усогласеност на Македонија со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ.

Извештајот беше усвоен со 43 гласа „за“ и 17 „против“, а 13 пратеници беа воздржани. Извештајот сега ќе биде даден на гласање во Европскиот парламент како целина.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ