Прифатен е предлогот на Обвинителството и судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, определи мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание. Како што соопшти Основниот кривичен суд – Скопје, одлуката следеше откако вчера попладне беа спроведени во судот и по нивно произнесување во присуство на бранител.
-Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.
Покрај Богоев, кој е поранешен директор на Царинската управа, со истрагата се опфатени и за нив е определен притвор и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на фирма и вработен во истата компанија. Сите се сомничат за злоупотреби при јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.





