Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека вицепремиерот во оставка Арбен Фетаи, ќе биде специјален претставник на владата во Брисел, јавува ТВ21. Меџити рече дека ова е причината зошто Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување.
„Фетаи поднесе оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да презеде нова функција“, рече Меџити, кој додаде дека коалициските партнери начелно се согласиле за реконструкција на владата, но дека сè уште не седнале да разговараат за „принципи, ресори“.
Со новата функција, Фетаи практично се враќа дома. Иако е роден во Куманово, Фетаи од својата шеста година живее во Белгија. Поседува македонско и белгиско државјанство. Во Белгија има бизнис со издавање на станови кои ги поседува. Завршил политички науки и е добар познавач на европското право, а извесно време работел и во кабинетот на премиерот на Косово, како и за познати фондации и донатори.
Извор: ТВ21





