Судот го ослободи од одговорност таткото на Васил Јованов, кој неговото возило го управувал без возачка дозвола

Зоран Јованов, таткото на Васил, кој ја прегази Фросина Кулакова во Скопје, не може да сноси одговорност поради тоа што неговиот полнолетен син го земал неговото возило и управувал со него без возачка дозвола, одлуки Основниот кривичен суд од Скопје. Како што се вели во судечката одлука, „Судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола“. Непосреден причинител е возачот, а не сопственикот на возилото, заклучува Судот.

Одлуката ја донесе истата судијка, која го осуди Васил на 12 години затвор, кој лани во јануари ја прегази Кулакова на пешачки премин во Скопје.

-Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело. Во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот. Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото, е ставот на Кривичниот суд.

Дополнително, на ваквата одлука влијаеше и обвинителот Александар Марковски, кој го преиначи кривичното дело за поблаго.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ