Индиец починал во паркот „Жена Борец“ во Скопје

Во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија.

Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош.

Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ