Вардар казнет со 250.000 евра од УЕФА, потврди Неделковски

Сомнежите за водење на двојно книговодство од страна на претходното раководство на ФК Вардар по десетмесечна истрага се потврдени од страна на УЕФА, која го казни клубот со 250.000 евра. Доколку се потври прекршокот, Вардар нема да може да се натпреварува на светска сцена.

Овие информации ги потврди извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, кој рече дека казната повлекува и засилен мониторинг.

„ Се однесува за фалсификувани двојни договори и двојно книговодство. Имаше пријава од двајца играчи, Глишиќ и Мартин Блажевски. Имаа потпишано двојни договори, што е апсолутно забрането. Постигнавме договор да платиме казна од 250.000 евра и засилен мониторинг ако во следните три години го повториме овој прекршок, ќе бидеме суспендирани од натпреварувањата на УЕФА. Ова се дела сторени од времето пред да дојде новата управа, во сезоната 2023/24. Ние покренавме постапка против непознат сторител за извршување на тие нелегални активности“, рече Неделковски.

Минатата недела Вардар беше казнет и од националната федерација ФФМ со 15.000 евра поради навредливото скандирање и несоодветното однесување за време на прославата на шампионската титула. Скандалот предизвика бурни реакции во јавноста поради навредите упатени кон Каролина Гочева и Битола.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ